Sonnenschein A600 Solar батериите се развиени за употреба во средни и големи соларни системи. Ова се VRLA (Valve Regulated Lead Acid) батерии со dryfit технологија апсолутно без потреба од одржување. Типични примени се соларни и ветерни станици, компании за електродистрибуција, телекомуникации, железници, како и во многу други напојувања каде е потребна висока доверливост на заштита.
Придобивки:
- Одлична цикличност – 3000+ циклуса при 60% длабочина на празнење C10 (на 20 °C)
- Dryfit Gel – VRLA технологија
- Најниска потрошувачка на енергија – заштеда на трошоци
- Тубуларна технологија – за подолг век на траење во најтешки услови
- Заштита од длабоко празнење – продолжена испорака на енергија
- Можност за хоризонтално монтирање – лесна инсталација и одржување
- Комплетно се рециклира – многу ниска емисија на CO2
Спецификации:
- Номинален капацитет 294-3919 Ah C120 (20 °C)
- Дизајнирани во согласност со IEC 61427 и IEC 60896-21/22
- Мало самопразнење – може да стојат до 2 години неупотребувани при температура од 20°C
- Достапно во V0 верзија на куќиште
- Произведени во Европа, во производните погони на GNB industrial power, сертифицирани со ISO 9001
- Погодни за сите видови транспорт (IATA, DGR clause A 67)
- Oдобрување: UL (Underwriter Laboratories), DNV GL (Germanischer Loyd)
Повеќе: Превземи каталог