NikomPOWER
NikomPOWER
За нас
Батерии
Напојување
SATV-CATV
Коаксијални Кабли
Интерактивни Хотелски Системи
Портфолио
Контакт

Locatel

LOCATEL

Повеќе од 40 години, LOCATEL обезбедува решенија и услуги со голема доверливост во хотелската индустрија. Главните активности се насочени на хотелските ТВ уреди и интерактивни системи, со опремени повеќе од 600.000 соби низ цела Европа. Со локални претставништва во повеќе од 30 земји, LOCATEL е број еден во помеѓу сите европски конкуренти и е во можност да покрие најголем дел од хотелските потреби. Од производството до продажбата на системите, од почетното барање до задоволството на купувачот, LOCATEL му дава живот на секој проект во аудиовизуелните и мултимедијалните апликации.



MultiMedia Channel

Multimedia Channel® е најновиот високоразвиен хотелски интерактивен систем од LOCATEL, компанијата која е број еден во развојот на интерактивната телевизија за хотелската индустрија. Нашата филозофија е едноставна: беспрекорна интеграција на аудиовизуелната и мултимедијалната технологија која му овозможува на гостинот единствено интерактивно искуство.


Едноставноста, брзината и високата доверливост се најголемите предности на системот, а тие се секако од голема важност во новиот «on screen» свет.


Како резултат на долгогодишното искуство во хотелската индустрија, LOCATEL го разви Multimedia Channel® системот, со цел да ги задоволи потребите на гостите и на хотелот. Разбирањето на клучните технички прашања му овозможи на развојниот тим реализација на Multimedia Channel® системот составен на флексибилна основа која овозможува да се задоволат потребите на хотелот и гостите, како сега така и во иднина.


MultiMedia Channel - Функции за гостите:

  • Welcome message - Порака за добредојде
  • Personal message - Лични пораки за гостите
  • Group message - Групни пораки за гостите
  • Language choice - Избор на јазик (5 европски јазици, мени на македонски јазик!)
  • Wake up - будење - Гостинот поставува време на будење на iTV уредот
  • Digital Pay-TV- Избор меѓу 4 филма во тек на 24 часа - 2 А продукција + 2 еротски
  • Pay-TV playlist - Дигитален приказ на Pay-TV понудата со инфо страна
  • TV guide - Комплетна листа на достапни канали прикажани на ТВ уредот
  • Hotel info / services - Понуда на хотелот на ТВ екранот (сауна, базен, бар, забава …)
  • World time - Приказ на времето во светските метрополи
  • View bill - Гостинот има преглед на сметката во собата на ТВ уредот
  • Check out - Одјава на гостите од собата преку ТВ уредот
  • Games - Голем избор на интерактивни ТВ игри (шах, карти, тетрис, сложувалка...)

Посебни функции за персоналот на хотелот:

  • Пријава на технички дефекти во собата - преку ТВ уредот се праќаат пријави на техничката служба на хотелот
  • Статус на собата - информации за статусот се праќаат на рецепција
  • Користење на мини барот - преку ТВ се пресметува користењето на мини барот од страна на гостинот
  • Обработка на податоци
  • Централно нагодување и програмирање на сите параметри
  • Automatic diagnostic status - автоматска контрола на работата на комплетниот систем

LOCATEL Internet Internet High Speed Access (LIHSA)

LOCATEL со најмодерна технологија овозможува едноставен и брз пристап на Интернет. LIHSA (Locatel Internet High Speed Access) е систем кој на деловните гости им нуди Интернет пристап преку сопствениот LAPTOP компјутер, со бирање на цената и времето на приклучување, а потоа користењето автоматски се става на сметката на гостинот.


LOCATEL со 98% успешни приклучувања на Интернет го има најголемиот процент на пазарот. “Plug-and-play” технологијата и центарот за поддршка станува брза, едноставна и квалитетна услуга за гостите во хотелите.



Philips iTV

Со повеќе од 5 милиони телевизори инсталирани во хотелските соби ширум светот, Philips нуди најширок избор на iTV модели на хотелски ТВ уреди, со одличен квалитет на сликата, врвен дизајн и прифатлива цена.


Идеален избор за хотели и апартмани, ТВ уредот е спремен за проширување на Pay TV и InfoHotel системите. На располагање се повеќе модели на Philips iTV уреди.


Модели:









Преземи:
· Потребен ви е Adobe Acrobat©Reader за да може да ги прочитате документите кои се дадени на нашата веб страница.

Преземи го програмот!
 
2006 © Сите права се задржани. | NikomPOWER, Македонија | www.nikompower.com